Шеесет годишен пациент со ковид-19 скокнал од третиот кат на болницата во Тирана

Фото: Миа.мк

Шеесет годишен пациент заразен со ковид-19 си го одземал животот фрлајќи се од третиот кат на болницата „Шефќет Ндроќи” во Тирана, каде бил хоспитализиран.

– Трагичниот настан се случил триесет минути по полноќ, кога пациентот Л.С. жител на градот Решен, си го одземал животот со фрлање од третиот кат на Ковид 2 болницата, каде бил хоспитализиран пред десет дена. Истрагата продолжува со цел расветлување на околностите, се наведува во полциското соопштение.

Првичните сознанија од истрагата покажуваат дека самоубиството пациентот го извршил поради влошена психичка состојба поради болеста.

Ова е петти ваков случај од средината на август. Претходно тројца пациенти заразени од ковид-19, на возраст од 29, 65 и 52 години се самоубија со фрлање од балконите на „Шефќет Ндроќи”, додека еден на 69-годишна возраст од балкон на Инфективната клиника.

По обвинувања за недоволната грижа поради пренатрупаните болници, од страна на роднини на починатите и опозицијата, премиерот Еди Рама, неодамна рече дека „вакви работи се случуваат во многу други држави во Европа”, додавајќи дека во Италија од март до август се самоубиле 71 пациент заразен со коронавирус.

Болницата „Шефќет Ндроќи” е една од трите ковид болници заедно со Инфективната клиника, која е  третата ковид болница која функционира во просториите на поранешното хирушко одделение во унивезитетската клиника „Мајка Тереза”.

Претседателот Илир Мета побара од Министерството за здравство и социјална заштита, поради влошената епидемиолошка состојба и потребата од болнички капацитети, итно отворање на четврта ковид болница, како и ковид центри во 12-те регионални болници.

Покрај Албанија, случај на самоубиство на пациент има и во Србија, каде 55-годишна пациентка денеска скокнала од петтиот спрат на болницата во Ваљево околу 10.30 часот, пренесува Блиц.рс.

Таа починала на лице место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот