Шчесни го продолжи договорот со Јувентус (ФОТО)

фото: твитер

Оваа сезона полскиот чувар на мрежата досега има 16 настапи во Серија А и на шест натпревари не дозволи да биде затресена неговата мрежа.

Италијанскиот шампион објави дека Војциех Шчесни го продолжи договорот кој ќе трае до јуни 2024 година.

Полскиот голман во Јувентус дојде во 2017 година од редовите на Арсенал, во меѓувреме беше на позајмица во Рома, а сега прва опција на „Старата дама“ пред клупската легенда Џанлуиџи Буфон.

– Прекрасната авантура меѓу Шчесни и Јувентус ќе продолжи до 2024 и нема сомнение дека ова е заслужено продолжување на соработката – се вели во клупскиот сајт на Јуве.

Оваа сезона чуварот на мрежата досега има 16 настапи во Серија А и на шест натпревари не дозволи да биде затресена неговата мрежа.

Моментно со клубот се подготвува за првиот меч од полуфиналето во Купот на Италија против екипата на Милан в четврток.

На овој дуел најверојатно шанса ќе добие Буфон, а Шчесни ќе ги чува силите зa Серија А и Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот