Шасивари: Доделувањето на мандатот е нов политички преседан, Пендаровски доби функција која ја има само Макрон

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

-Вчера со доделувањето на мандатот беше инсталиран нов политички преседан. Значи, првпат во парламентарната историја на нашата земја, беше доверен мандатот за формирање Влада, без претходно да има некаков допис, истакна универзитетскиот професор по право, Јетон Шасивари.

Со оваа одлука, како што вели Шасивари, шефот на државата, Стево Пендаровски, добил уставна функција која ја има само францускиот Претседател, Емануел Макрон. Поради тоа што нашиот Устав е целосно поинаков од оној на Франција, професорот смета дека земјата влегува во правна неизвесност.

-Оваа уставна функција за назначување на премиер без никаква обврска за тоа да ги консултира сите парламентарни партии, ја има францускиот Претседател, Емануел Макрон, во сосема поинаков модел на организирање на Уставот, кој е суштински поинаков од нашиот систем и модел на Уставот и на организирање на централната власт. Затоа велам – од вчера ние како држава влеговме во ситуација на правна неизвесност во однос на конституирањето на нов постизборен политички систем, додаде Шасивари.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот