Шармантниот Бредли Купер во нова љубовна романса – Дали оваа пејачка конечно ќе го скроти актерот?

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Веќе долго време се шпекулира со кого холивудскиот заводник Бредли Купер е во врска…

Откако се раздели од манекенката Ирина Шајк, актерот Бредли Купер е на мета на бројни убавици. Се зборуваше дека тој е во врска со Лејди Гага со која соработуваше на филмот „Ѕвездата е родена“, а нивниот настап на церемонијата за доделување на Оскарите предизвика многу големо внимание поради самата хемија меѓу нив на сцената која беше и повеќе од очигледна, поради што многумина мислеа дека музичката ѕвезда е виновникот за неговиот развод. Меѓутоа на крајот пејачката им стави крај на тие гласини.

Имено, сега се појави вест дека Бредли Купер е во врска со британската пејачка Адел и дека токму Лејди Гага ги запознала.

Фото: Инстаграм

Адел неодамна го изненади светот со својата физичка трансформација, која со помош на правилна исхрана и вежби ја доведе до совршенство, а како што пишуваат странските медиуми, на неа сега не останал имун ниту шармантниот актер Бредли Купер.

Нив двајца наводно ги запознала Лејди Гага, а меѓу нив веднаш се појавиле првите искри, па не е чудно наскоро да видиме и некоја нивна заедничка фотографија, пренесуваат странските медиуми.

Верувајќи и на упорноста на папараците, тоа ќе се случи набрзо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот