Шармантната Адел успеала да симне 10 килограми со пилатес (ФОТО)

Фотографија: Instagram

Познатата дива Адел (31), има ослабено дури неверојатни 10 килограми, преку вежбање пилатес.

Својата одлична фигура, Адел ја покажа на 33-от роденден на пејачот Дрејк, кој го прослави неделава.

Пејачката се појави во црн кадифен фустан со голи раменици и минимален накит, сребрени обетки. Косата ѝ беше врзана високо во опавче, а шминката ја усоврши со впечатлив ајлајнер.

Profimedia
Profimedia

Во јуни, јавноста дозна дека Адел почнала да вежба пилатес. Тренинзите ѝ помогнаа на пејачката да изгледа сосема непрепознатливо.

Адел ужива во својот живот и целосно е посветена на својот син, велат извори блиски на пејачката.

Пилатесот многу ѝ се допаднал на пејачката, а тоа што ослабела било само бонус за неа.

Instagram

Таа изјавила дека вежбањето го започнала поради своето здравје, но и за полесно да ја издржи турнејата.

На забавата, Адел беше забележана со ѕвезди како Диди и Крис Браун. Сепак, артистот Скепта, за кој се верува дека е нејзиното ново момче, не бил присутен на роденденот.

Profimedia

Адел уште еднаш покажа дека се чувствува одлично во своја кожа и им даде пример на жените ширум светот како да се грижат за себе и своето здравје.

Пејачката со било колку килограми на себе изгледа фантастично! Се согласувате ли?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот