Шарлот од „Сексот и Градот“ откри која е најодвратната сцена која ја снимила (ВИДЕО)

Иако престана да се емитува пред 15 години, серијата „Сексот и градот“ и понатака е една од најпопуларните на интернет.

Обожавателите на серијата се надеваа дека легендарната четворка ќе сними уште еден филм, но поради лошиот однос на актерките тоа дефинитивно нема да се случи.

За снимањето на серијата неодамна проговори и актерката Кристин Дејвис, која во серијата ја играше улогата на Шарлот, па откри која сцена и била најодвратна за снимање.

„Тоа е сцената кога бев во кревет со ликот кој во лице мораше да ми вика „Ку*во! Е**на кучко“. Навистина ми беше одвратно“, вели Кристин за сцена од епизодата „Дали сме ние дро*и?“ која се емитуваше во 2000 година.

 

Актерката потоа на својата колешка Сара Џесика Паркер и постави прашање за тоа кој и бил подраг – Ѕверката или Ејдан, на што таа одговори дека Ејдан бил прекрасен, но Ѕверката сепак бил суден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот