Шарлиз Терон сака да глуми во лезбејска верзија на „Die Hard“: Каде да потпишам?

шарлиз терон
Шарлиз Терон / Фото: Профимедиа

Јужноафриканската актерка Шарлиз Терон одговори на предлогот на еден нејзин следбеник на „Твитер“ за нов филм и на изненадување на обожавателите, нејзе ѝ се допадна идејата.

„Лезбејските божиќни филмови се добри, но она што навистина сакам да го видам е верзијата „Die Hard“ во која Шарлиз Терон ќе дивее за да ја спаси својата жена“, напиша еден нејзин обожавател на „Твитер“ минатата година, кој сигурно не очекувал дека на актерката ќе ѝ се допадне неговиот предлог.

Фото: Profimedia

„Каде да потпишам?“, му одговори Терон.

 

Неодамна актерката во интервју за „Vanity Fair“ потврди дека тоа било одлична идеја и рече дека е подготвена да прифати таква улога и дека едноставно ѝ недостига студио кое би било подготвено да го сними тој филм.

„Да, би, затоа и веднаш одговорив на „Твитер“, бидејќи едноставно тогаш мислев, а и сега мислам дека тоа е одлично. Си помислив: „Оваа личност треба да почне да предлага работи“. Тоа е одлична идеја. А фактот дека би биле две жени, веднаш помислив: „Да, пријавете ме за тоа“, изјави Терон.

шарлиз терон
Фото: Профимедиа

Во акционите хитови како „The Old Guard“, „Atomic Blonde“ и „Mad Max: Fury Road“, Терон покажа исклучителен талент во бројни жестоки сцени. Затоа никој и не би се посомневал дека би се снашла добро во женската верзија на култниот Џон Меклејн, но засега нема конкретни договори за сличен филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот