Шарлиз Терон: Пилатесот тотално ми го смени телото

Актерката Шарлиз Терон (45) во едно интервју неодамна изјави дека никогаш не била тип на личност што лежи низ дома со часови. Додавајќи дека се движи секој ден, и претежно прави пилатес.

Овој начин на вежбање тотално го смени моето тело“, изјави актерката.

 

Instagram

 

Кога станува збор за нега на кожата, Шарлиз вели дека се придржува до наједноставните и најсигурни формули за убавина, диети и вежби.

Таа е мајка на две деца, но кога станува збор за физичка активност таа вели „Јас секогаш ја пресметувам својата активност. Ако не сум се движела многу, не можам да јадам многу. Јас сум искрена со себеси“.

Шарлиз одлично го одржува својот младешки изглед од почетокот на нејзината кариера, што можеби ѝ помогна да влезе во клубот на славните личности во Холивуд кои едноставно „не стареат“.

Прочитајте и...  Како да се справите со исцрпеноста кога вашето дете едноставно не ви дозволува да се наспиете?

 

Instagram

 

Терон во неколку наврати изјавува дека е обожавател на растителната сурова храна. Таа во 2017 година зборуваше за придобивките од диета без алкохол, изјавувајќи „Јас имам сокови и зелени салати секој ден. Кога јадам здраво, спијам доволно и не пијам алкохол, тогаш изгледам најдобро. Тогаш сум најсреќна и мислам дека тоа се покажува“.

Кога ќе заминам на вежбање, моите деца постојано ме прашуваат „Каде одиш?“, им велам дека одам некаде за да се осигурам дека моето срце ќе работи уште многу, многу долго!

 

Instagram

 

Терон ја истакнува важноста на постојаната рутина за убавина, особено за бробата против стресот.

Користам серум, крема за очи и навистна добра хидратантна крема“, била нејзината секојдневна козметика.

Прочитајте и...  Како во ледено кралство: Погледнете како Џенифер Лопез го украси својот дом

 

Instagram

 

Taa исто така смета дека жените треба да бидат поотворени во однос на нивните рутини за убавина и да откриваат што точно им одговара.

Жените треба повеќе да споделуваат едни со други – сите ќе бидеме поубави“, изјави таа.

Поврзани вести

ФОТО: Вака би изгледале најпознатите насловни страници да настанале во добата на коронавирусот (ФОТО)

Слободен печат

Како во ледено кралство: Погледнете како Џенифер Лопез го украси својот дом

Слободен печат

Крајот на ноември носи огромна промена за овие три хороскопски знаци

Слободен печат

Жената која му роди дете на Хитлер, никогаш не го видела детето ниту имала можност да чуе за неговата судбина

Слободен печат

„Безвременска“ е новиот хит на Тарабунов!

Слободен печат

Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Грчка пита (РЕЦЕПТ)

Слободен Печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian