Шарл Мишел: Руската листа на непријателски земји ги нарушува дипломатските односи

Шарл Мишел/Фото: EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Одобрувањето на руската влада за списокот на непријателски странски држави ги нарушува дипломатските односи. Тој став го објави на Твитер претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

„Одлуката на руската влада за „непријателски држави” е уште еден чекор за ескалација и ги нарушува дипломатските односи”, наведе тој.

Според Мишел, „залудни се напорите за поделба на ЕУ”.

„Целосна солидарност со Чешка. Ја повикуваме Русија целосно да ја почитува Виенската конвенција”, додаде тој.

На официјалниот портал за правни информации вчера беше објавен список на непријателски странски земји одобрен од руската влада. Во него влегоа САД и Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот