Шарл Мишел: Ние имаме потреба од Западен Балкан и тие имаат потреба од нас

Шарл Мишел
Шарл Мишел / 24 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претставувајќи ги заклучоците од последниот Советот на ЕУ, одржан на 23 и 24 јуни во Брисел, претседателот на Советот Шарл Мишел нагласи дека „Ние имаме потреба од Западен Балкан и Западен Балкан има потреба од нас.

-Ние имаме потреба од Западен Балкан и Западен Балкан има потреба од нас. Ние треба да го ревитализраме процесот на проширување. Поради тоа се одржа состанокот со лидерите на земјите од регионот пред советот на ЕУ, рече тој.

„Дебатата беше отворена, искрена и исто така остра со шефовите на државите и владите на овие земји. Ние одлучивме да го ревитализираме нашето ангажирање кон овој регион. Ние сакаме да го ревитализираме процесот на проширувањето. И ние треба да видиме како да ги надминеме пречките”, рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Со Северна Македонија и и Албанија отворањето на преговорите за членство е приоритетно. Бугарската влада го подигна ветото за Северна Македонија, вчера имаше делегација во земјата за да се фаворизира процесот на пристапување на оваа земја.

Притоа Шарл МИшел му се заблагаори на француското претседателство за постигнатиот напредок по ова прашање.

Напредокот во мултилатералните и билатералните спорови се потребни, нагласи на крајот претседателот на Советот на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот