Шарл Мишел и Фон дер Лајен ќе му ги претстават условите за обновување на економските односи на Ердоган

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ / POOL

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска патуваат во Турција каде на претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе му ги претстават условите на ЕУ за постепено обновување на економските односи и ќе разговараат за поддршката за бегалците. Во овој „акциски план” всушност се содржани одлуките на лидерите на ЕУ од самитот одржан на 26 март.

Разговорите во Анкара ќе бидат „ политички момент”, но нема да бидат преговори, изјавија дипломатски извори во Брисел.

Лидерите на ЕУ, кои треба да разговараат за Турција во јуни, на неодамнешниот самит го одобрија „постепениот и условен пристап кон зајакнување на соработката во голем број области од заеднички интерес”.

ЕУ е подготвена да почне модернизација на царинската унија, да го продолжи дијалогот на високо ниво и да преговара за олеснување на визниот режим за турските граѓани.

Доколку нема напредок, во извештајот на европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел се наведуваат неколку опции, меѓу кои се и санкции за туристичкиот сектор во Турција.

Турција ги критикуваше заклучоците од самитот на ЕУ, истовремено ветувајќи дека ќе одговори со „позитивни чекори” на евентуалниот гест на Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот