Шаркоски: Наше е да се спремиме, Работнички добро почна со новиот тренер

– Периодов го поминуваме дома, тренираме, имаме програма од клубот, па во петок имаме тестирање – вели играчот на „романтичарите“.

Веќе три месеци е во прекин сезоната (2019/2020) во Првата македонска фудбалска лига, а наскоро се очекува нејзино враќање. Поради пандемијата на коронавирус фудбалерите беа принудени да бидат во домашна изолација и карантин со цел да се спречи ширењето на заразата.

На секаков начин играчите во онлајн комуникација ја одржуваа(т) физичката форма, иако недостасуваат вистинските тренинзи за комплетирање на целосната слика.

А тренинзите полека, но сигурно се враќаат со почитување на мерките за заштита на здравјето кое секогаш е во прв план. На последниот состанок Фудбалската федерација на Македонија одлучи да продолжи сезоната во 1МФЛ со плејоф без испаѓање.

И од редовите на Фудбалскиот клуб Работнички внимателно ја следат ситуацијата, ексклузивно за веб порталот на „Слободен печат“ зборуваше играчот за врска кај „романтичарите“, Николче Шаркоски (26):

Периодов го поминуваме дома, тренираме, имаме програма од клубот, па во петок имаме тестирање. Сите едвај чекаме да почнеме со работа. Почнавме добро со новиот тренер (Ратко Достаниќ), имавме добра серија, ја победивме и Шкендија на гостински терен, што не е мала работа. Сите знаеме дека Шкендија е една од најквалитетните екипи во лигата.

Наше е да се спремиме, па здравје, се надеваме без повреди. Ги знаеме нашите цели, а тие се излез во Европа – ни изјави Шаркоски кој досега сезонава запиша 21 настап и три голови во нашата лига.

Во 2020 година Работнички одигра многу подобро во првенството, без пораз. До прекинот на сезоната на последните два натпревари забележа важни победи дома над Академија Пандев (1:0) и гостински триумф над Шкендија (0:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот