Шарец е четвртиот словенечки премиер кој поднесува оставка

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Со ваква коалиција и со ваква ситуација во Парламентот не можам да ги исполнам очекувањата на граѓаните. Ќе бидам во можност да го направам тоа по изборите, истакна Шарец на прес-конференција.

Марјан Шарец е четвртиот словенечки премиер кој поднесува оставка, а пред него тоа го направија Јанез Дрновшек, Аленка Братушек и Миро Церар.

Дрновшек поднесе оставка на 2 декември 2002 година на половина од својот трет мандат откако беше избран за претседател на Словенија. Тој беше заменет од Антон Роп од партијата Либерална демократија на Словенија, со која Дрновшек раководеше од 1992 до 2003 година.

Братушек, првата жена премиер на Словенија оставка поднесе на 4 мај 2014 година, само по една година на функцијата, откако не беше избрана за лидер на својата паертија Позитивна Словенија. По нејзината оставка падна и Владата.

Додека Церар поднесе оставка на 14 март 2018 година, неколку месеци пред крајот на мандатот. Одлуката ја донесе откако Врховниот суд го поништи гласањето на референдумот за изградба на пристаништето Копер.

Шарец претходно најави дека денеска ќе поднесе оставка од функцијата. Тој истакна дека со малцинската коалиција не може да постигне се тоа што планира да го направи и побара вонредни избори.

– Со ваква коалиција и со ваква ситуација во Парламентот не можам да ги исполнам очекувањата на граѓаните. Ќе бидам во можност да го направам тоа по изборите, истакна Шарец на прес-конференција.

Тој додаде дека неговата малцинска Влада не може да ги усвои важните закони.

Претходно, словенечкиот министер за финансии Андреј Бертонцељ поднесе оставка. Според словенечката новинска агенција СТА, најверојатно причина за оставката е несогласувањето со нацрт-законот за укинување на дополнителното здравствено осигурување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот