Шарапова шокирана од добиените пораки и телефонски повици

Една од најубавите спортистки на денешницата, Марија Шарапова, јавно го објави својот телефонски број на социјалните мрежи, призната дека е шокираната од огромиот број на пораки и телефонски повици.

Шарапова сакаше за време на карантинот да се дружи со своите фанови и поради тоа јавно го објави телефонскиот број, но не очекуваше толку голем интерес.

Во првите два часа, видеото на нејзиниот твитер профил на кое го објави својот број имаше дури 600.000 прегледи, а бројката постојано се зголемуваше како што одминуваше времето. Неколку дена подоцна, убавата

„Маша“ се огласи со уште една порака.
За 40 часа 2.2 милиони прегледи. Тоа е моменталната состојба на мојот телефон“.


Среќа за Шарапова е што нејзината телефонска картичка е географски ограничена на територијата на САД, со што милиони нејзини фанови не беа во можност да им напишат порака или да и се јават на сега веќе пензионираната тенисерка.

До вчера, видеото на Марија било прегледано дури 3.8 милиони пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот