Шарапова се враќа на терените

EPA-EFE/JULIAN SMITH

Марија Шарапова по пауза од пет месеци повторно се враќа на тениските терени откако ја прифати специјалната покана да учествува на турнирот во Мајорка.

Руската тенисерка последниот меч го имаше во јануари годинава на турнирот во Санкт Петербург кога во второто коло се повлече поради повреда на рамото. Таа подоцна замина на операција на десното рамо со цел да ја санира повредата која и предизвикува проблеми во последните три години.

– Среќна сум што можам да објавам дека ќе ја прифатам специјалната покана и ќе настапам на турнирот во Мајарко. Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои ме поддржуваа во последните неколку месеци додека се опоравував од операцијата – изјави Шарапова.

Турнирот на Мајорка коој е еден од последните пред стартот на третиот Гран слем турнир Вимблдон, ќе започне на 17 мај, а го организира вујкото на Рафаел Надал, Тони Надал. Покрај Шарапова, учеството на турнирот во Мајорка го потврдија уште две Гран слем шампионки, Анџелик Кербер и Викторија Азаренка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот