Шарапова: Се повлеков во вистинскиот момент

Руската тенисерка изјави дека смета оти февруари оваа година беше вистинскиот момент да објави крај на професионалната кариера.

Марија Шарапова која со само 17 години триумфира на Вимблдон по многуте проблеми со повредите во последните неколку години, во февруари одлучи да стави крај на кариерата.

Таа во разговор за „Вол Стрит журнал“ објасни зашто се одлучи на ваков чекор.

– Мислам дека моментот за заминување во пензија беше идеален бидејќи често се прашував зашто тренирам? Од моја перспектива убаво е да има тој момент кога можете да погледнете по дружењето со рекетот и топчето цели 28 години, што тоа значи за мојата иднина. Тогаш сфатив дека нема потреба повеќе да го измачувам моето тело, туку време е да се насочам кон следните предизвици во животот кои ќе бидат надвор од терените – вели Шарапова.

Таа засега не знае што ќе биде следното поглавје во нејзината кариера, односно дали ќе остане во тенисот или ќе се насочи кон бизнисот.

– Кога размислувам за минатото и колку време ми беше потребно за да станам шампионка… Мислам дека 10 години тренирав пред да дојдам на турнирите. Што и да изберам следно ќе ми биде потребно време, засега слободното време го користам за да направам нови планови – потенцира Шарапова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот