Шарапова: Ѓоковиќ може да освои уште многу грен слемови, само небото му е граница

фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова вели дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на денешницата.

Шарапова која во својата професионална кариера пет грен слем титули, верува дека српскиот ас сè уште не го кажал последниот збор во светот на тенисот.

– Новак е најголемиот тенисер на сите времиња. Би сакал во иднина да освои уште многу Грен слемови…30, 40!? Само небото му е граница. Мислам, во случајот со Ѓоковиќ сè е можно – изјави Шарапова гостувајќи во една емисија, а пренесува порталот „We Love Tennis“.

Ѓоковиќ до сега има освоено 21 грен слем титула. Србинот го држи и рекордот за најдолг престој на врвот на АТП листата, вкупно 373 недели.

Шарапова и Ѓоковиќ се искрени пријатели долги години. За љубителите на тенисот, кога се натпреваруваше Русинката, особено беше интересно што двајцата се дружат на турнири, дури и играат фудбал и други спортови.

ВИДЕО | Прекрасен гест на Ѓоковиќ во Тел Авив: На детенце му подари момент за цел живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот