Шар Планина се загадува, но никој не се казнува

Фото: Слобден печат

Речиси една деценија никој не е казнет за загадување на животната средина на Шарпланинскиот масив, говорат податоците на Инспекторатот при Општина Тетово.

„Врие“ од мини диви депонии особено на пределот кон тетовското „Кале“ и Шарпланинските села.

Табли со натписи „Забрането фрлање смет“ има, но никој не ги почитува.

Фото: Слободен печат

Наместо убавини и чист воздух, глетката и миризбата е неподнослива, реагираат граѓание, кои ги затекнавме како рекреираат.

„Народов е без свест, кој ќе се фати да фрла нека се казни, се што правиме, правиме за нас, ние самите ја уништуваме околината“, вела една тетовка.

„Пешачам кон Кале и што да видам смет насекаде, ова е многу лошо за природата, катастрофа. Има знаци, некои предупредувања да не се фрла смет, но бадијала, тие не се почитуваат. Треба ние да имаме поголема свест, не знаеме да ја искористиме природата, ние ја уништуваме и насекаде има мини депонии“, вели еден тетовец.

Фото: Слободен печат

Од Тетовскиот инспекторат, најавија санкции за несовесните граѓани, кои ќе бидат евидентирани како ја загадуваат околината, преку надзорни камери.

„Ние како инспекциска служба сме презеле некои мерки за таа проблематика, вршиме контроли секојдневно. Ние на лице место сме фатиле како луѓе фрлаат и ја загадуваат околината , фрлаат смет од трактори и камиони во самата природа. Тие лица не сме ги казниле, но сме им наредиле местото да го вратат во првобитна состојба. Сепак, ние сме имале проблеми со екипираноста, фала му на градоначалникот сега имаме повеќе вработени, но треба уште вработени за да функционираме како што треба. Отсега натаму ќе бидат казнети тие што ќе се фатат како фрлаат смет и ја загадуваат околината. Имаме побарано и од градоначалникот надзорни камери да бидат поставени на некои ризични места. На пример во Скопје има мобилни камери и врз основа на тие снимки има информации кој и каде фрла“, вели Абдулгани Алији раководител на Инспекторатот при Општина Тетово.

Оттаму додаваат дека во периодов што следи со контроли ќе се фокусираат на најризичните места, каде со децении се создаваат диви депонии, се чистат, но „приказната“ пак се повторува.

И коритото на реката Пена, која минува низ Тетово, со години за дел од граѓаните служи како место на кое се „ослободуваат“ од својот отпад. Се фрла разновиден смет: дотраен мебел, бела техника и слично. Најлоша е состојбата во долниот дел од течението, од мостот на булеварот „Индустриска“ кон селото Сараќино, каде реката тоне во илјадници тони ѓубре.

Фото: Еколошка катастрофа во долниот дел на реката Пена – коритото затрупано со смет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот