Шаповалов не сака да ризикува: Доколку има чад, нема да играм во Мелбурн

твитер

Еден од најталентираните тенисери на денешницата им се закани на организаторите на Австралија Опен.

Австралија Опен стартува доцна вечерва, но, главното прашање не е кој ќе ја освои титулата. Многу поважна за тенисерите и јавноста е една друга дилема – колку е опасно да се игра во Мелбурн во време кога пожарите ја пустошат Австралија, а чадот од време на време знае да го помрачи небото над градот.

Тенисерите постојано се жалат на тешките услови во Мелбурн,уште на првиот ден од квалификациите кои се играа минатата недела мораше да интервенираат лекарските екипи. На Далила Јакуповиќ и беше укажана лекарска помош, додека на Бернард Томиќ му беше дадена боца со кислород поради загадениот воздух.

На еден ден пред стартот на првиот годинешен грен слем турнир, се јави еден од најталентираните тенисери на денешницата, Денис Шаповалов кој им се закани на организаторите.

– Нема да играм доколку чадот повторно ни се „закани“ на терените. Не сакам да ги ризикувам животот и здравјето, не сакам да играм во лоши услови кога пред мене се уште 10 до 15 сезони. Знам дека ова е грен слем турнир и одлична можност за напредок, но не сакам да излегувам на теренот доколку условите за игра не бидат како што треба – изјави Шаповалов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот