Шаповалов го обвини судијата на мечот со Надал дека е корумпиран

Шаповалов и Надал имаа бурна расправија за време на нивниот дуел на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Четвртфиналната пресметка на Австралија Опен помеѓу Рафаел Надал и Денис Шаповалов заврши со триумф на Шпанецот со 3:2 во сетови (6:3,6:4,4:6,3:6,6:3), а мечот го одбележаа неколку скандали бидејќи двајцата тенисери имаа жолчна расправија на мрежа по која коментарот, поранешниот гран слем шампион Џим Куриер мислеше дека може да дојде и до физичка пресметка.

Куриер во тие моменти го праша својот колега, исто така поранешен тенисер Лејтон Хјуит кога тој сакал да се тепа на терен. Причина беше нервозата на Надал кој изгледа дека не беше доволно подготвен за пеколните горештини во Мелбурн, како и за агресивната игра на Шаповалов.


Канаѓанецот во еден момент побара од судијата Карлос Бернандез да го казни Надал со одземање на поен бидејќи одолговлекува со подготовката пред сеервисот токму на Шаповалов.
– Поминаа 25 секунди одамна и тој понатаму не е подготвен да игра. Одбојувањето го започнавте одамна, а тој не е подготвен. Мора да му дадеш опомена – му рече Шаповалов на главниот судија Бернандез.

Судијата не ја прифати сугестијата по што Шаповалов збесна.
Сите вие сте корумпирани – одговори Канаѓанецот.

По мечот, Шаповалов изјави дека Надал е привилигеран и затоа не беше казнет иако беше евидентно дека одолговлекуваше пред сервисите.

– Претерав кога реков дека судијата е корумпиран, тоа беше многу емотивно во тие моменти. Мислам дека не е фер Надал да се извлекува со вакви работи. Бев подготвен, часовникот отчукуваше и се наближуваше до нула, а јас го гледам судијата и нормални дека ќе кажам нешто. Бев подготвен да играм, а судијата не сака да му даде опомена бидејќијас не сум бил подготвен?! За мене тоа е шега. Почитувам се што направи Рафа, тој е неверојатен играч, но мора да постојат граници – изјави Шаповалов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот