Шансите за Ливерпул да дојде титулата се продолжуваат: Премиер лигата повторно одложена

EPA-EFE/PETER POWELL

Екипите од Премиер лигата денеска одржаа состанок на кој најважната донесена одлука е дека сезоната нема да се продолжи се додека не биде безбедно за сите.

Коронавирусот го запре фудбалот во Англија и Ливерпул никако да дочека да дојде до титулата која ја „сонува“ веќе 30 години.

Премиер лигата првично беше одложена до почетокот на мај, а денеска екипите кои се дел од најатрактивната национална лига во светот, денеска одлучија повторно да го одложат финишот на сезоната.

Најважниот заклучок на денешниот состанок е дека приоритет во овие моменти е здравјето на целата нација и на секој поединец, вклучувајќи ги и играчите, тренерите, менаџерите и навивачите.

Договорено е сезоната да не продолжи во мај како што беше првично планирано и тоа ќе се случи кога ќе бидат исполнети условите.

Секое враќање на фудбалот е можно само со целосна поддршка од Владата и кога медицинските експерти ќе дадат дозвола за продолжување на сезоната“, стои во соопштението.

Екипите од Премиер лигата едногласно се договорија да сзе започнат преговори со унијата на фудбалери за начинот на кој тие би помогнале во овие моменти, а предложено е платите на играчите да се намалат за 30 проценти.

Сите екипи се согласија да ги консултираат играчите за намалување на платите до 30 проценти од годишните примања“, се наведува во соопштението во кое стои дека ова е само препорака.

За утре е закажан состанок на челниците на Премиер лигата, клубовите и унијата на фудбалерите.

Исто така се разговараше и како премиерлигашите да им помогнат на екипите од пониските лиги и е одлучено да се одвојат 125 милиони фунти за таа цел.

Премиерлигашите освен што ги отстапуваат стадионите за медицинските институции, тие ќе донираат и 20 милиони фунти на болниците во Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот