Шансите за ЕП 2020 постојат, трансферот на Стојановски треба да нè радува сите!

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

На нашите најдобри фудбалери предводени од стратегот Игор Ангеловски им се потребни само уште две победи за учество на следното ЕУРО кое што ќе се одржи во рекордни 12 земји.

Во „Лигата на нации“ се освои првото место во групата 4 од Лигата „Д“ пред Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн.

Фото: ФФМ

Успеавме да обезбедиме полуфинале и стекнување право да го играме мечот на домашен терен, а ривал во периодот од 26-28 март ни е селекцијата на Косово, а во периодот од 29-31 март 2020 е и финалето.

Но, секако не се исклучуваат и редовните квалификации, во групата Г после четири кола сме на петтата позиција со четири бодови, триумфиравме над Летонија, ремизиравме кај Словенците, а во Скопје минатиот месец загубивме од Полска и Австрија.

Фото: ФФМ

Двата последни порази не значат и откажување од шансите. Тие загубени бодови ќе се обидат „црвено-жолтите“ да ги надополнат на наредните квалификациски дуели во септември, на гостувањата кај Израел и Летонија.

Селекторот Игор Ангеловски говореше за „Слободен печат“, верува дека можеме да се бориме за тоа второ место, но воедно и ја гледа другата алтернатива која веќе ја спомнавме за настап на ЕП.

Принтскрин/uefa.com

– Секако дека шанси постојат. Точно дека после двата порази дека се намалени, но состојбата на табелата е дека сме на само три бода од второто место. Да не заборавиме дека во март 2020 година играме и бараж за пласман против Косово. До следните натпревари (против Израел и Летонија) рано е да се каже дали ќе има измени во составот – ни изјави Ангеловски.

Во меѓувреме летово најдобриот стрелец за минатата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Влатко Стојановски направи трансфер во францускиот клуб Ним.

– Секако дека трансферот на Стојановски треба да нè радува сите. Се надевам дека клубот Ним и самата средина ќе придонесе за зголемување на неговиот потенцијал – додаде Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот