Шанса за ракометарките, Македонија домаќин на квалификацискиот турнир

фото: РФМ

Женската ракометна репрезентација на Македонија доби неочекуван подарок од Грција и ќе биде домаќин на квлаификацискиот турнир за СП 2021 година.

Македонија се наоѓа во квалификациската група 3 за баражот за СП 2021 година заедно со уште Исланд, Грција и Литванија, а првично беше одлучено домаќин да биде Грција, но нашиот јужен сосед се откажа  и РФМ прифати да ја презеде организацијата.

Со ова се зголемуваат шансите ракометарките да ја поминат групата и да обезбедат пласман во баражот за СП 2021.
Натпреварите треба да се играат од 4. до 6. декември, но РФМ се уште не го одреди градот во кој ќе игра овој квалификациски турнир. Според распоредот на 4 декември првиот натпревар ракометарките ќе играат ќе биде против Исланд, а потоа во следните два дена ќе игра и и со Литванија и со Грција.

Пласман во баражот ќе обезбедат двете најдобри репрезентации во групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот