ШАНСА ЗА РАБОТА: На Австрија и недостигаат 220.000 експерти, проверете дали сте меѓу нив

На австрискиот пазар на труд недостигаат 220.000 експерти, но како што пренесуваат тамошните медиуми, недостатокот не се однесува на висината на примањата.

Платформата СтепСтоун, ги анализирала огласите за работни места во 22 печатени медиуми и на повеќе од 20 места на берзата за вработување.

Според ова, најголема побарувачка за стручна работна сила постои во техничката и во технолошката област.

Исто така голема е потребата и од експерти во финансискиот сектор, каде недостигаат околу 23.000 експерти.

И покрај недостатокот на работна сила во техничкиот сектор платата се движи околу 45.000 евра годишно, што секако е под примањата во јавниот сектор и продажбата.

Исто така и на технолошките експерти не ум се нудат големи примања.

Талентите од дигиталниот свет можат да примаат околу 55.000 евра годишно, што е за околу 11.000 евра помалку од вработените во финансискиот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот