Шанса за одбојкарите: Завршниот турнир во Европската лига ќе се игра во Македонија

фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Македонските одбојкари ќе играат на домашен терен на завршниот турнир во Европската сребрена лига годинава откако ЦЕВ одговори позитивно на апликацијата на ОФМ за организација на овој престижен настан, објаби Одбојкарската федерација на Македонија.

На денешната седница, Бордот на ЕХФуште еднаш ја потврди целосната доверба во македонската одбојка, па покрај претходната одлука за организација на турнир од групната фаза во континенталното натпреварување, сега реши на Македонија да и ја додели и битката за медалите. Исто така, ЦЕВ целосно ги прифати сугестиите на челниците на ОФМ и го ревидираше календарот во Европската сребрена лига 2021.
Наместо на крајот на јуни, завршниот турнир ќе биде одржан на 5. и 6. јуни, а претходно, од 21-23 и од 28-30 мај се закажани двата турнира во групната фаза. Македонската репрезентација ќе игра со Данска, со Израел и со Кипар, а покрај нас, во групата А, организатор на турнир ќе биде и Данска каде ќе играат Хрватска, Австрија, Унгарија и Луксембург во рамки на групата Б.

ЦЕВ денеска исто така го одреди точниот календар за одржување на Европското првенство кое ќе стартува на 1. и ќе трае се до 19. септември, а финалето ќе се игра во полскиот Катовице. ЕП ќе се одржи во четири држави: Полска, Чешка, Финска и Естонија. Жрепката за одредување на групите на ЕП 2021 ќе се изврши по завршување на квалификациите кои се закажани за мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот