Шанса за Центар најави протест против изградбата на кулите спроти „Холидеј ин“

Паркингот спроти хотелот „Холидеј ин / Фото: Слободен печат

Граѓанската иницијатива Шанса за Центар за в петок во 16 часот најави протест пред Јавното обвинителство, против изградбата на висококатници во центарот на Скопје, на просторот на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“

„Во Македонија годишно умираат повеќе од 3.500 луѓе од загаден воздух! Ако се дозволи изградбата уште повеќе ќе се спречи струењето на воздухот што ќе резултира со уште поголемо негово загадување и дополнително ќе се влоши квалитетот на живот во центарот на Скопје. Центарот ќе биде парализиран од сообраќаен метеж и луѓето што живеат и работат во близина нема да може да ги извршуваат секојдневните обврски!“, се вели во најавата на протестот.

Од Шанса за Центар, поставија и повеќе барања до надлежните:

1. Итно запирање на градежните активности поради сомнеж за корупција и злоупотреби на службената должност
2. Јавното обвинителство најитно да се произнесе по иницијативата од Државната комисија за спречување на корупцијата
3. Владата да одвои средства од централниот буџет доколку Општина Центар нема доволно за новомаалци да добијат решение и излез од нехуманите услови во кои живеат.
4. Советот на Општина Центар најитно да го изгласа елаборатот за суспензија за натамошно спроведување на овој ДУП
5. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам најитно да спроведе надзор врз основа на претставката поднесена од Зелен хуман град
6. За локацијата да се распише меѓународен конкурс со кој ќе се гарантира зелено и хумано решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот