Шанса за Барселона, за три дена цената на Лаутаро падна за 21 милион евра

Интер сериозно размислува да го продаде својот напаѓач откако не може да најде заеднички јазик за нов договор.

Лаутаро Мартинез пред неколку дена успеа да ги договори личните услови со Барселона, но каталонскиот тим не можеше да пронајде заеднички јазик со Интер, но се чини дека работите преку ноќ се свртеа во нивна корист.

Иако рокот за активирање на откупната клаузула која изнесуваше 111 милиони евра, истече пред четири дена, Барселона сега има шанса да дојде до одличниот аргентински напаѓач за далеку помала сума.

„Кориере дела Сера“ денеска пренесува дека Интер е подготвен да го пушти Лаутаро да си замине од „Џузепе Меаца“ за 90 милиони евра бидејќи челниците на клубот сфатија дека Аргентинецот по секоја цена сака да си оди и да го облече дресот на Барселона.

Прочитајте и...  Неверојатна случка: Романци со сексуални работнички сакале да го „купат“ судијата, но тој бил геј

Згора на тоа, проблем на Интер претставува и неговата лоша форма, како и на целиот тим поради што паднаа на четвртото место на табелата во Серија А.
Барселона беше свесна дека не може да ја обезбеди сумата од 111 милиони евра до 7. јули, а сега ќе има можност до почетокот на новата сезона да обезбеди 90 милиони евра за да го реализира трансферот.

Планот на каталонците е трансферот на Лаутаро Мартинез на „Камп Ноу“ да се финансира со продажбата на Фелипе Кутињо, а на трансфер листата се наоѓаат уште неколку играчи кои можат да донесат поголема сума на пари во касата како Самуел Умтити, Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Осман Дембеле и Тодибо.

Прочитајте и...  Вилијан синиот дрес го менува за црвен, во наредните три години ќе игра за Арсенал

Прочитај повеќе

Конечно се враќа и елитниот фудбал

Слободен печат

Санчез го ограби Јунајтед, и на заминување му зеде речиси 10 милиони евра

Слободен печат

Би било идеално Клоп да стане селектор на Германија

Слободен печат

Ѓоковиќ го изнесе ставот на тенисерите: Да нема карантин или нема да играат на УС Опен

Слободен печат

Нуркиќ подобар во балканската пресметка против Јокиќ, Лејкерси го освоија Западот и се опуштија (ВИДЕО)

Слободен печат

Познати сите четвртфинални двојки во Лига Европа! (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Богдановиќ со рекорд на кариерата во НБА! (ВИДЕО)

Слободен печат

Димитриевски има две понуди од шпанската „Ла Лига“

Слободен печат

ЛЕ: Крај за Рома, Леверкузен си закажа дуел со Интер! (ВИДЕО)

Слободен печат

Победете го Јунајтед и ќе ви дадам пари за да не мора да се грижите! (ВИДЕО)

Слободен печат

Со почитување на мерките за заштита, „Комити“ ќе грмат пред стадион!

Слободен печат

Работнички се подготвува за АБА2 лигата, остануваат Питс, Николовски..!

Слободен печат