Шангај од 1 септември повторно ги отвора училиштата

Ковид кина училиште./ Фото: EPA-EFE/HAO QY CHINA OUT

Кинескиот град Шангај денеска соопшти дека повторно ќе ги отвори сите училишта, вклучувајќи ги градинките, основните и средните училишта на 1 септември, откако неколку месеци беа затворени поради пандемијата, пренесува Ројтерс.

Градот ќе бара од сите наставници и ученици да прават ковид-тестови секој ден пред да го напуштат кампусот, соопшти Општинската комисија за образование во Шангај.

Шангај ги затвори сите училишта во средината на март, неколку недели пред најтешкиот бран на ковид да избувне во градот. Потоа следуваа строги локдауни, не само во Шангај, туку и во голем број други градови на земјата.

Откако во јуни се смири состојбата со пандемијата, Кина на некои средношколци им овозможи да се вратат во училниците, додека повеќето од останатите продолжија да ја следат наставата од дома.

Најавата за повторно отворање на училиштата носи големо олеснување за многу жители, но стравувањата од нови заклучувања останува, бидејќи Кина вети дека ќе се држи до својата динамична нулта политика која бара сите позитивни случаи и нивните блиски контакти да бидат во неколкудневен карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот