Шампионски гол на Тевез, „Ла Бомбоњера“ му се поклони на Диего Марадона! (ВИДЕО)
Не можат да се опишат емоциите кои Марадона ги предизвикува во навивачите на Бока, само можат да се доживеат во еден ваков фудбалски спектакл.
Посебна ноќ за сите фанови на Бока јуниорс, „сино-жолтиот“ дел на Буенос Ајрес слави титула која пред последните два кола од националниот шампионат на Аргентина изгледаше како сон, со оглед на тоа што најголемиот ривал Ривер имаше три бода предност.
Но, во клучниот период два лоши резултати на Ривер и со минималниот триумф против Химназија, екипата на Бока дојде до 34. титула национален шампион.
А судбината сакаше сето тоа од првиот ред го гледа најголемиот миленик на „Бомбоњера“ на сите времиња – Диего Армандо Марадона.
Легендарниот аргентински фудбалер во Бока и својот „дом“ дојде како гостин, како тренер на Химназија, но пречекан со големи овации и многу транспаренти, на еден од нив на стадионот дури пишуваше „Марадона Бог“.
Не можат да се опишат емоциите кои Марадона ги предизвикува во навивачите на Бока, само можат да се доживеат во еден ваков фудбалски спектакл.
Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Јувентус, Карлос Тевез го постигна победничкиот и шампионски гол за Бока јуниорс.