Шампионски брејк на „металците“

фото: кк мзт скопје аеродром

МЗТ Скопје е на само една победа од освојување на седмата титула во домашниот шампионат, откако и во вториот финален натпревар го победи Работнички. „Металците“ како гости славеа со 60:69 и поведоа со 2:0 во победи во серијата кој прв до три триумфи.

Иако домашните кошаркари агресивно влегоа во натпреварот со цел да се извадат за понижувачкиот пораз од првиот натпревар, амбициите уште на самиот старт претрпеа тежок удар. Во првата минута се повреди Димитар Караџовски и со повредата на Димитар Мираковски од првиот натпревар, тренерот Марин Докузовски остана без доволно квалитетни бекови со кои би им се спротивставил на „металците“.

Победникот беше одлучен во последната четвртина во која „мелтаците“ не му дозволија на тимот од Градски Парк дури пет минути да постигне поени и негативата од 54:50 со серија од 12:0 во која Дамјан Стојановски постигна осум поени, поведоа со 62:54 и рутински го финишираа натпреварот.
Токму Стојановски со 16 поени и 10 скокови беше најдобар кај МЗТ Скопје, додека кај десеткуваниот Работнички, најрасположен за игра беше Чавдар Костов со 19 поени.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов в четврток ја имаат првата од трите можни меч топки кои би им ја донела седмата титула во клупската историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот