Шампионска тетоважа на три месеци пред крајот на Премиер лигата! (ФОТО)

фото: твитер

Човекот се вика Марк Гретон, има 53 години, татко на четири деца, толку е убеден дека екипата на Јирген Клоп ќе го освои првенството.

Марк Гретон ја направи тетоважата пред седум дена после новата победа на „редси“ од 2:1 над Вулверхемптон убеден дека предноста не може да се стопи.

Ливерпул е толку убедлив на теренот и табелата во Премиер лигата, што е еден од повозрасните навивачи на овој клуб, на три месеци пред крајот на натпреварувањето, ја истетовира сезоната 2019/2020, односно освојувањето на титулата на „редси“.

фото: liverpoolechoco.uk/handout

Човекот се вика Марк Гретон, има 53 години, татко на четири деца, толку е убеден дека екипата на Јирген Клоп ќе го освои првенството, што тоа го потврди со тетоважа на својата рака, односно рамо.

Екипата од „Енфилд“ има 22 бодови предност во однос на второпласираниот Манчестер сити и така најавува шампионско славје со фановите и доаѓање на нова титула после 30 години.

Марк живее во Брајтон, работи во фирма за принт, а тетаважата му ја направи една пријателска, „тату“ мајстор, пред седум дена кога Ливерпул го совлада Вулверхемптон со 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот