Шампионот Вардар поразен од битолски Пелистер

2019. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Уште од претходно се знаеше дека Вардар ја одбрани шампионската титула, па последните мечеви се само рутина и секако шанса за помладите да добијат поголема минутажа.

Тренерот Парондо ги чува најдобрите пред она вистинското што следува за точно една недела на ракометниот Фајнал фор турнир во Келн и борбата за трофејот во Лигата на шампионите.

Прв стрелец на денешната средба во битолскиот клуб беше Борјан Маџовски со осум постигнати голови, следен од Милан Поповиќ и Никола Ивановски кои имаа по пет.

За домаќините од стандардните единствено беше голманот Халифа Гедбан, Марко Мишевски запиша шест погодоци, еден помалку Давид Ставревски.

После завршувањето на Ф4 турнирот во Германија, Вардарци ќе го имаат својот последен меч во домашното првенство на гостувањето кај Металург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот