Ентони Дејвис ќе потпише петгодишен договор со НБА шампионот Лос Анџелес Лејкерс вреден 190 милиони долари.
ЛА Лејкерс благодарение на своите најдобри играчи, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис сезонава ја освои 17. шампионска титула со што се израмнија со Бостон селтикс како најтрофејни екипи во НБА лигата.
„Езерцата“ одлучија да им се оддолжат на своите ѕвезди така што во ист ден им понудија максимални договори. Леброн Џејмс ќе потпише двегодишен договор за 85 милиони долари, додека Ентони Дејвис ќе добие петгодишен договор вреден 190 милиони долари.
Според телевизијата ЕСПН, 27-годишниот Дејвис до крајот на денот се очекува и официјално да стави потпис на новиот договор со Лејкерси каде пристигна минатото лето по седум години поминати во Њу Орлеанс пеликанс.