Шампионот на СЕХА почнува против Пекинг Универзитет, Еурофарм игра со Спартак

фото: СЕХА Лига

Актуелниот шампион на СЕХА лигата, Вардар новата сезона ќе ја започне на домашен терен со новиот член во лигата, Пекинг Универзитет. Вториот македонски претставник во регионалното натпреварување, Еурофарм Работник, дебитантскиот настап исто така ќе го има пред своите гледачи и тоа се новиот член во лигата, Спартак Москва.

Челниците на СЕХА само еден ден откако ја исфлија Татабања и нејзиното место го зазеде рускиот тим, денеска го објави комплетниот распоред на натпреварите. Освен промената на унгарскиот тим со Спартак Москва, новитет од оваа сезона е и тоа што екипите ќе бидат поделени во две групи.

Во групата А покрај Вардар и Пекинг Универзитет, во првото коло ќе се сретнат и Татран Прешов – Мотор Запорожје, односно Војводина – Нексе.
Во групата Б, Металопластика го пречекува ППД Загреб, додека Мешков Брест игра против Веспрем.

Стартот на новата сезона е закажан на 3 и 4 септември кога ќе се одиграат натпреварите од првото коло, а по завршувањето на групната фаза првопласираните екипи ќе обезбедат директен пласман во четвртфинлето, додека останатите ќе ќе разигруваат во плеј-офот. Во четвртфиналето предноста домашниот меч да биде во реваншот го имаат екипите кои ги освоија првите места во своите групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот