Шампионот МЗТ непријатно изненаден од Гостивар

facebook.com/pg/kkgostivar

Денеска во рамките од третото коло во најдобрата македонска кошаркарска лига, составот на МЗТ Скопје Аеродром загуби на гостувањето кај Гостивар со резултат 80:78 (18:20, 23:19, 19:22, 20:17).

Резултатот 80:78 на семафорот стоеше дури на една минута и 10 секунди до крајот на сердбата, МЗТ имаше шанса да ги освои бодовите, но првин Д. Стојановски не реализираше тројка, а потоа од поле непрецизен беше и и Анунва.

За нивна среќа Доналдсон на 26 секунди до крајот утна две слободни фрлања, по што имаа уште една можност за пресврт, но и овојпат среќата не беше на нивна страна. Непрецизни во своите обиди беа уште Џабари и Крстевски, па на крајот гостиварци славеа голема победа.

Во победничките редови за Гостивар доминираа Г. Ѓелетовиќ со 21 поен (девет скокови) и Д. Тасовски со 17 поени (четири скокови).

На спротивната страна кај „металците“ О. Анунва беше прв стрелец со 19 поени (четири скокови), а капитенот Д. Стојановски запиша 18 поени.

После првиот пораз на МЗТ Скопје Аеродром и втората победа на Гостивар, сега овие две екипи се наоѓаат на делба на првото место со по пет бодови.

Се одигра уште еден меч од рундата, младите „штркови“, односно МЗТ Скопје Уни Банка загуби убедливо од Вардар со 75:95.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот