Шампион на Ролан Гарос во дубл работи во маркет за 450 евра

твитер

Шампионот на грен слем турнирот кој се игра на земја, Германецот Кевин Кравијец е принуден поради паузата предизвиката од пандемијата на коронавирусот да работи и друга работа.

Според „Шпигл“, Кравијец кој пред неполна година во Париз заедно со Андреас Миес, бил принуден да побара и друга работа па се запослил во маркет.

Огромен број на тенисери и тенисерки, посебно тие што се под 150 место на АТП и ВТА ранг листите по прекинот на сезота, имаат голем финансиски проблеми ипоради тоа се принудени да работат и други работи за да си ги плаќаат сметките.

Токму поради тоа и Кевин Кравијец мораше да најде друга работа додека нема тениски активност.

Имав среќа што своето хоби, тенисот го претворам во професија од која живеам. Како професионалец, сега имам посебна дозвола да тренирам во сала каде одам три-четири пати неделно. Во последните неколку недели работам во супермаркет за основна плата од 450 евра – вели Кравијец кој притоа како изгледа кога тенискиот рекет ќе се замени со друга професија.

– 
Веќе одреден период планирав да си најдам нормална работа. Пандемијата на коронавирусот ми даде простор и време за да го остварам својот план и желба. Некои колеги доаѓаат на работа во пет часот наутро за да можат за половина час да ги наполнат рафтовите со роба. Моето задолжение е да го полнам рафтовите со роба. Се обидувам рафтовите со колбасиците и сирењето постојано да бидат полни. Минатата недела работев како обезбедување пред влезот, ги прскав излозите и количките со средства за дезинфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот