Шаманот од упадот во Капитол осуден на 41 месец затвор

„Кју-анон шаманот“ Џејкоб Ченсли Капитол Доналд Трамп
Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Американски федерален суд денеска на 41 месец затвор осуди еден од демонстрантите кои упаднаа во Капитол, попознат како „Кју-анон шаман“, за неговата улога во смртоносните настани при упадот во Капитол на 6 јануари годинава, пренесоа британските медиуми.

Џејкоб Ченсли, поради своето исшарано лице со бои, крзното на себе и роговите на главата, стана еден од симболите на крвавиот упад на поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп во центарот на американската демократија, на денот на потврдувањето на изборната победа на демократот Џо Бајден.

Обвинителите за Ченсли побараа подолга затворска казна, 51 месец затвор, откако тој во септември се изјасни за виновен за учеството во блокирање на работата на американскиот Конгрес.

Казната од 41 месец затвор одговара на таа што истиот судија му ја изрече на тренерот на боречки вештини, кој беше снимен како удира полицаец за време на крвавите настани.

Двојката досега ги доби двете најстроги казни од вкупно 675-те обвинети за упадот во Капитол.

Судијата по пресудата кажа дека верува дека 34-годишниот Ченсли, кој е во притвор од јануари, „се вратил на вистинскиот пат”.

– Најтешкиот дел од ова е да се знае дека јас сум виновен, рече тој во изјавата пред пресудата.

На Ченсли во затворот му е дијагностицирана шизофренија, заедно со биполарно растројство, депресија и анксиозност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот