Шалтерите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје ќе работат од понеделник до петок од 8 до 15 часот

ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во нашата земја, препораките и насоките на Владата и Министерството за здравство како и новите временски интервали за полициски час, кои се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот, воведува измени во работното време.

Во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје шалтерите за наплата на сметки ќе работат со ново работно време и тоа од понеделник до петок од 8 до 15 часот.

Оттаму инфомираат дека теренските активности ќе се одвиваат само во случај на дефект или во специфични ситуации.

Во овој момент, се посочува во соопштението, со цел почитување на препораките за спречување на ширењето на КОВИД -19, ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас.

– Посетете ја нашата веб страна Водовод Скопје и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје за физички, а отсега и за правни лица се достапни на е-водовод  e.vodovod-skopje.com.mk, соопштуваат од јавното претпријатие.

За полесен и побрз пристап до услугите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје во располагање на грашаните е и мобилната апликација на претпријатието, веќе достапна за Android и IOS.

– Искористете го вашето време разумно и скенирајте ги QR кодовите достапни на флаерот доставен со сметките за месец март, 2020 година, кои директно ве водат до мобилната апликација на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје и до електронските сервиси на e.vodovod-skopje.com.mk. Бидете во чекор со времето, пополнете го формуларот достапен на флаерот за електронска достава на вашата фактура, посочуваат од јавното претпријатие.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, заинтересираните граѓани може да се обратат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

– 02 3240 300, Дирекција

[email protected]

– www.vodovod-skopje.com.mk

– www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот