Шаленберг: Професионалното новинарство е поважно од кога било

Фото: EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг денеска оцени дека професионалното новинарство е поважно од кога било.

На министерската конференција на Коалицијата за слобода на медиумите, Шаленберг посочи на студија на германската фондација „Фридрих Науман”, според која 44 проценти од граѓаните во седум европски земји сметаат дека владите вршат притисок врз медиумите за да ги прикријат фактите за коронавирусот.

– Слободниот квалитетен печат и пристапот до веродостојни информации се наши главни сојузници во борбата против овој вид на дезинформации, рече министерот Шаленберг.

Во исто време, тој рече дека слободата на медиумите е загрозена во многу земји, потсетувајќи дека повеќе од 40 новинари и претставници на медиумите се убиени само оваа година.

Според него, Австрија продолжува да се залага за слобода на печатот на меѓународно ниво, како и во Советот за човекови права на ЕУ, каде што ја презентираше иницијативата за заштита на новинарите.

Коалицијата за слобода на медиумите е формирана минатиот јули на иницијатива на Велика Британија и Канада во рамките на глобалната конференција за слобода на печатот во Лондон. На Коалицијата и се придружија 37 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот