Шаќири: Владата ќе добие грант од 350.000 долари за реализација на електронски услуги

Јетон Шаќири / Фото: Архива на „Слободен печат“

Министерот за информатичко општество и администрација д-р Јетон Шаќири денеска беше домаќин на состанокот со претставници од Амбасадата на САД и претставници од Естонскиот центар за источно партнерство.

На оваа средба беше потврден грантот што Владата на Република Северна Македонија ќе го добие од овие 2 институции во износ од 350.000 американски долари за реализација на активности за менторство и помош во имплементацијата на електронските услуги на јавните институции во Северна Македонија во следните 18 месеци.

Министерот Шаќири на средбата истакна дека MИОА целосно е посветено на функционирање на дигитализацијата и покрај сопствените буџетски средства правиме се за да ги анимираме и привлечеме сите страни и партнери кои се подготвени да ни помогнат на патот кон зголемување на транспарентноста на институциите, олеснување на процедурите и услугите преку електронските услуги, подобрување на демократијата во државата и унапредување на дигиталните вештини на јавната администрација.

Министерот Шаќири на средбата изрази благодарност до Амбасадата на САД за континуираната поддршка што ја даваат на МИОА.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот