Шаќири: Учениците да се запишуваат на стручните насоки, тоа го бараат компаниите

Фото: Слободен печат

Кадрите кои произлегуваат од стручните училишта се иднината, тоа го бара пазарот на трудот и овозможува веројатност за поголеми успеси, рече Министерот за образование Јетон Шаќири при денешната посета на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово.

Во пресрет на престојните уписи, тој упати повик учениците да се запишуваат на стручните насоки.

Младите да се фокусираат на стручните насоки, каде преку дуалното образование ќе имаат можност да се стекнат со вештини, а по завршувањето на училиштето да бидат подготвени и конкурентни на пазарот на трудот.

„Моша Пијаде се трансформираше во Регионален центар за стручно образование и тој е еден од трите вакви центри во Македонија кои понудија 8 нови квалификации кои компанииите ги бараат. Познато е дека младите тука учат дуално образование, односно младите тука учат преку работа, што значи нивна добра подготовка коиќе ги направат конкурентни затоа апелирам младите да се фокусираат А ние учениците ќе ги поддржиме со стипендии за тие што се запишуваат во стручните смерови“, рече Министерот Шаќири.

Регионалниот центар „Моша Пијаде“ во Тетово е дел од концептот за дуално образование, но тој не нуди соодветни услови тоа да се реализира. Министерот вети дека училиштето ќе се реконструира и ќе се опреми.

„Ова училиште ќе се реновира и има одобрен и подготвен проект, како и комплетна документација. Очекувам во текот на 2024 година целосно да се реконструира ова училиште и да се набави опрема за да има практична настава, дополни Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот