Шаќири: Се кандидирав поради катастрофалното водење на Скопје од страна на Шилегов

Кандидатот за градоначалник на Скопје Арбен Бени Шаќири во гостување на ТВ21 / 12 октомври 2021 / фото: ТВ21/принтскрин

Бени Шаќири, кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата на ДОМ и ЛДП „Одлучно за промени“, во вечерашното гостување на ТВ 21 изјави дека мотив за неговата кандидатура за градоначалник е „катастрофалното водење на градот од актуелното раководство“, и дека „ништо не е остварено од ветувањата од пред четири години“.

– Ќе се залагаме за промени кои требаше да се случат пред четири години. Се залагавме за промена на режимот на Груевски и на севкупни промени на системот на целата земја. Кога говориме за Скопје, сето она што го гледате требаше да се подобрат минатите четири години, за сега да добиваме ветувања дека ќе се подобри во следните четири години, рече Шаќири.

Според него, секој што ќе ја отвори програмата ветувана и нудена на минатите избори од страна на сегашниот градоначалник Петре Шилегов, ќе увиди дека е остварено само 2-3%.

– Затоа, како прв и основен капитален проект на „Одлучно за промени“ е промена на актуелното раководство на градот, да ги победиме, затоа што се виновни за она што се случува. Никаква промена, лоша инфраструктура, ѓубре насекаде, загадувањето не е мрднато од мртва точка, иако актуелниот градоначалник милува да каже дека имало поквалитетен воздух, што не е точно, рече Шилегов на ТВ 21.

Видео на денот