Шаќири: Охридскиот договор е почетна точка, евроатлантските интеграции се целта

Јетон Шакири/ Фото: Влада на РСМ

Потпишувањете на Охридскиот рамковен договор пред 20 години е основа на градењето на една модерна, инклузивна и еднаква држава за сите, смета Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација, пренесува „Слободен печат“.

-Нашата цел е јасна и нашиот пат оди кон западот и евроатлантските интеграции. Имплементацијата на овој договор е водич што не привлекува кон овие процеси. Потпишувањето на овој договор пред 20 години е основа на градењето на една модерна, инклузивна и еднаква држава за сите. Денес ова е непоколеблива реалност – вели Шаќири.

Тој денес беше дел од меѓународната конференција „По Охрид“, настан со кој заврши маратонот на состаноци и конференции за одбележување на 20 -годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот