Шаќири: Максимално ќе го поддржиме создавањето сектори со функција на примена на јазиците во државните институции

фото Фејсбук

Ја користам оваа прилика да им честитам на сите вработени кои присуствуваа на оваа важна обука, која е многу неопходна за нивниот професионален развој, рече министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири,  кој денеска беше поканет на церемонијата на доделување на сертификати, за присуство на обука за превод и лекторирање од македонски на албански и од албански на македонски јазик, организирана од Агенцијата за примена на јазиците.

Како резултат на исполнувањето на обврската што произлегува од Законот за примена на јазиците, сите институции во земјата треба да креират нови организациони облици и работни места.

Министерството за информатичко општество веќе го создаде своето одделение со цел примена на јазикот и е посветено и подготвено да ја помогне и поддржи секоја институција во земјата да ги создаде овие сектори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот