Шаќири: АИК е фаворит, но Шкендија во Стокхолм ќе брка добар резултат

Тренерот на ФК Шкендија, Артим Шаќири/Фото: kfshkendija.com

В четврток (4 август) со почеток од 19.00 часот во „Френдс Арена“ во Стокхолм (Шведска) екипата на Шкендија ќе го игра првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на Конференции против АИК.

Победникот од овој двомеч во плеј-офот на Лигата на конференции ќе игра против поразениот од пресметката Фенербахче (Турција) – Словачко (Чешка).

Играчите предводени од тренерот Артим Шаќири се свесни дека шведскиот АИК ја има фаворитската улога, но ќе го дадат максимумот да извлечат поволен резултат пред реваншот во Скопје на 11 август на Националната ареа „Тодор Проески“ – Скопје.

– Натпреварот против АИК се разликува од двете претходни кола. Веќе кажав дека АИК е фаворит, но фаворитот останува само на хартија бидејќи кога влегуваме на терен само се почитуваме самите себеси. Дојдовме тука да одиграме добар натпревар и да извлечеме позитивен резултат. Ќе се обидеме да ги почестиме навивачите и „Балистите“ кои поминаа долг пат за да го поддржат тимот. Се надеваме дека ќе го реализираме планот и ќе се пласираме во следната рунда – рече тренерот на Шкендија, Шаќири.

Своите очекувања ги сподели и фудбалерот на тетовските „црвено-црни“, Меџит Незири.

– В четврток имаме силен противник, но и ние имаме свои квалитети. Натпреварот ќе биде интересен, ќе дадеме сè од себе за позитивен резултат, да ги израдуваме нашите навивачи кои утре ќе бидат присутни на стадионот да нè бодрат. Се надевам дека ќе успееме да извлечеме позитивен резултат, а потоа на реваншот во Скопје се обидеме да стигнеме до следната рунда – се зборовите на Незири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот