Шаќири за СП: Со поддршка од ЕУ, ќе развиеме нацрт-политики за намалување на бројот на вработени во државната администрација

Јетон Шаќири
Јетон Шаќири/ Фото: Архива на Слободен печат

Министерството за информатичко општество и администрација, во наредниот период, со поддршка од ЕУ, ќе развие нацрт-политики за намалување на бројот на вработени во јавниот сектор или државната администрација, изјави за Слободен печат, министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

– Намалувањето ќе се изврши во одделни фази во период од неколку години, каде што ќе се регулираат начинот и критериумите, сè со цел да се воспостави способна и професионална администрација. Со законот за работа и организација на органите на државната управа, Министерството за информатичко општество и администрација е надлежно за правно регулирање на прашања поврзани со администрацијата, надзорот и обезбедувањето униформно спроведување на регулативите поврзани со државните и јавните службеници. Законот за вработените во јавниот сектор ги регулира општите принципи, класификација на работни места, регистри, видови на вработување, општи права, должности и одговорности, мобилност и други општи прашања за вработените во јавниот сектор – потенцира министерот Шаќири.

Тој нагласува дека Министерството за информатичко општество и администрација, како тело одговорно за правно регулирање на прашања поврзани со администрацијата, земајќи ги предвид принципите на СИГМА, го регулира прашањето за вработување и унапредување на административниот персонал врз основа на перформансите.

– Во минатото, МИОА работеше на Закони за административни вработени и Закони за нови вработени во јавниот сектор, во кои принципот на избор на најдобар кандидат врз основа на успешноста ќе се применува во целиот јавен сектор – подвлекува Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот