Шаќири: Со намалувањето на Буџетот за поддршка, се зголемува сиромаштијата и се загрозуваат условите за живот кај Ромската заедница (ВИДЕО)

Здравствените системи не прават разлика ниту по вера, ниту по националност, така што сите треба да имаат еднакви права, особено од аспект на здравствена заштита. И СЗО вели дека сите земји мора да направат фин баланс од една страна да се заштити здравјето на луѓето, а од друга страна да се минимизираат економските и социјалните нарушувања.

Ромите кои сосема еднакво го остваруваат и пристапот и згрижувањето и третманот, а особено и сега кога станува збор за заразна болест со која се соочува цел свет.

СО НОВИОТ РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ СРЕДСТВАТА НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА ДЕКАДАТА И СТРАТЕГИЈАТА ЗА РОМИ E НАМАЛЕН ЗА  34%, ОДНОСНО ОД 73 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НА 48 МИЛИОНИ ДЕНАРИ (ОСНОВЕН БУЏЕТ).

-Во услови кога Ковид19 вирусот предизвика сериозни економски и здравствени последици врз сите, а особено врз Ромската заедница, намалувањето на Буџетот за поддршка на имплементацијата и стратегијата на Ромите уште повеќе ја загрозува позицијата и придонесува за проширување на сиромаштијата и дополнително загрозување на условите за живот кај Ромската заедница, вели Елвис Шаќири од „Ромалитико“ во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ .

Постојана комуникација со градоначалници и институции со цел помош на Ромите.

-Морам да напоменам дека ние како здружение успеавме Министерството за правда да донесе подзаконски акти и 700 лица да го започнат процесот на пререгистрација и да ги добијат личните документи.

Везден сме во комуникација со градоначалници и институции кои ги таргетираме се со цел да им се помогне на Ромите кои се соочуваат со одредени проблеми и на тој начин да им се помогне. Задоволни сме од досегашниот напредок, бидејќи за прв пат ромската заедница ги потегнува прашањата без помош од трети страни, вели Шаќири.

Би се решил огромен проблем со помош на лицата кои продаваат по тротоари.

-Од досегашните средби можам да заклучам дека постои волја кај општинските власти да им се помогне на одредена група на Роми, кои продаваат по тротоари и да се ослободат од тезгарина. Сега за сега има позитивни реакции од општински власти и се вели дека може да се излезе во пресрет на ова барање. Со ова би решиле огромен проблем, истакна Шаќири.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот