Шаќири: Поттикнуваме инвестиции во ИТ секторот

фото Фејсбук

 Индустријата за информатичка и комуникациска технологија е најбрзо растечки сектор во македонската економија и игра важна улога во економијата како снабдувач на работни места и создавач на извоз, истакнува министерот за информатичко општество и администрација.

Од Министерството информираат дека персоналниот данок на доход во ИТ секторот ќе се намали на 0 отсто во 2023 година и оти ова е еден од приоритетите на владината програма.

– Целта на Министерството за информатичко општество и администрација и Владата на Република Северна Македонија е да создадат капацитети и да стимулираат нови инвестиции во ИТ секторот. Еден од овие елементи е намалувањето на персоналниот данок на доход за ИТ индустријата. Ова се претвора во поголеми приходи за вработените во овој сектор, потенцира Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот