Шаќири од Барселона: Ќе ги повикам сите актери од ИТ светот да гледаат на нашата земја како добра шанса за имплементација на иновативни решенија

Ковид пандемијата и безбедносните ризици кои што ги носи новото време е предизвик кој што треба да се третира сериозно, професионално и со највисок приоритет. Сајбер просторот е полето каде што ќе одвиваат најголемите војни во следниот период и ние како Европска држава мора да се однесуваме одговорно, имајќи го во предвид националниот интерес, безбедноста и сигурноста на граѓаните, и подобрената економија”, порача министерот Шаќири во пресрет на настанот за за мобилни комуникации „Mobile World Congress” во Барселона, кој започна на 28 и трае до четврток.

На настанот присуствуваат првенствено производители на уреди, даватели на мрежна опрема, претставници на безжични оператори, владини претставници и делегации, како и медиуми.

– Настанов е одлична шанса не само за претставување на нашата држава пред нашите партнери со конкретни проекти и активности кои што ги преземаме во правец на дигитализацијата, подобрување на поврзливоста, подобрување на дигиталните вештини на граѓаните, туку и воспоставување на нови партнерства, иницијативи и повик до најголемите чинители од индустријата во светски рамки да ја гледаат Република Северна Македонија како добра шанса за имплементација на иновативни решенија од интерес на граѓаните. Инсистирам, со воведување на роаминг-фрее со 6-те земји од Западен Балкан, да се искористи моментумот за нови национални и регионални проекти и соработка и Северна Македонија да го фати чекорот со државите од Западна Европа во делот на подобри мрежи за Интернет, поевтини услуги, поголемо присуство на големи корпорации и бизниси кои што ќе значат и нови работни места и подобри услуги, особено на државните институции, изјави министерот.

 

Тој додаде дека на претстојните средби ќе ги презентира можностите за соработка и потребите на нашата држава, односно сегашната состојба и Владината програма кон дигитализацијата, особено што сега е и дел на Националната стратегија за ИКТ која што е во процедура на усвојување.

– Неколку од тие теми се 5Г инфраструктурата, партнерствата за телекомуникации од следната генерација, вештачката интелигенција во функција на подобро корисничко искуство, дигитално здравство, блокчејн, Internet of things, итн. Сево ова треба да значи дека граѓаните ќе добијат повеќе и подобри услуги за исти или пониски цени од операторите, нови дигитални решенија и услуги од дома и секако на крај, државата ќе има економски бенефит и повисок стандард за граѓаните, се наведува во соопштението од Министертвото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот