Шаќири: Доколку некој од вработените според Рамковен договор два пати одбие ангажман, работниот однос ќе му биде раскинат

Доколку некој од вработените според Рамковниот договор, кои сега седат дома и примаат плата, двапати одбие опција за ангажман што ќе му биде понуден за работа во некоја од институциите, ќе му биде раскинат работниот однос, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

Одговарајќи на новинарски прашања, Шаќири појасни дека целта на нацрт законот за систематизација на административните службеници за вработените преку програмата за правична и соодветна застапеност (К5), усвоен на 26. седница на Владата, е да се реши десетгодишниот проблем и да се оствари владината програма без дополнителни финансиски импликации. По усвојување на законот министерствата за политички систем и за информатичко општество ќе ги вкрстат податоците и ќе подготват список, при што, како што рече, ќе се земат предвид професионалната подготовка на сите кандидати и годишните планови на институциите за 2021 година.

– Јас би посакал за сите вработени кога ќе се подготви програмата за префрлање да се има предвид и нивната професионална подготовка и локациите од кај доаѓаат. Истовремено, по подготвување на списокот, тие што нема да прифатат, според нацрт законот, ќе се префрлат во трансфер листата на Министерството за информатичко општество. Во таа трансфер листа ќе се понуди и втора опција, но ако не го прифатат и тоа, ќе се раскине работниот однос на тие што нема да го прифатат и вториот предлог. Ова е добар нацрт закон и сите треба да имаме предвид дека е решавање на долгорочен проблем, рече Шаќири.

Посакува на трансфер листата да има што помалку вработени и процесот да заврши во првата фаза и најавува дека со новите законски решенија ќе се објасни временскиот рок, односно колку време максимум овие лица ќе можат да бидат на листата.

-Колку време тие ќе стојат веднаш МИОА после првата фаза ќе настојува и во другите институции веднаш да се комуницираат и за второто нивно распределување. Истовремено сме во подготовка и на новиот закон за вработени во јавната администрација и во јавниот сектор сектор и тука ќе се предвиди временскиот рок, но после второто одбивање на работата ќе се прекине работниот однос помеѓу нив и ќе се во трансфер листата, појасни Шаќири.

Во однос на префрлањето на вработените од јавната администрација во приватниот сектор информираше дека се уште се подготвува програмата, со која што, како што нагласи, ќе се има предвид никогаш да не биде на товар на вработените во јавниот сектор. Во овој сектор сега се вработени околу 135.000 лица, но бројката е променлива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот